Работниците од ОХИС на протест, владата сеуште планира продажба на фабриката
Идната среда министерот за економија Ваљон Сараќини ќе се сретне со Синдикатот на ОХИС, а според него владата останува на ставот дека овој загубар треба да добие стратегиски партнер.
„На наредната владина седница ќе биде разгледана нова можност за продавање на ОХИС. Очекувам во наредниот период да се подготви тендерската документација и да се најде инвеститор“, рече Сараќини.
Тој додаде и дека процедурата за продажбата на загубарот нема да биде лесна.
„Не е лесно да разговарате со инвеститор и да го замолите да ги задржи на работа сите вработени особено во ОХИС каде што има вкупно 800 лица“, рече Сараќини. Инаку и денеска работниците на ОХИС протестираа пред фабриката барајќи ги своите плати кои доцнат 19 месеци.
Слично
