Работниците од неколку сектори земаат плати малку повисоки од минималецот
Во повеќе сектори во државата, работниците земаат плати кои се за нијанса повисоки од минималецот.
Тука спаѓаат вработените во туристичките агенции, организатори
на патувања (туроператори) и
останати резервациски услуги
како и дејностите поврзани со нив, и тие во февруари според Државниот завод за статистика земале плата од 16.818 денари во просек.
Заштитни и истражни дејности е сектор каде работниците имаат просек од 15.830 денари.
Услуги поврзани со одржување на
згради и дејности на уредување и
одржување на животната средина
и природата има просек од 17.792 денари.
Работниците кои се занимаваат со производство на кожа и слични
производи од кожа во просек земале по 16.581 денари.
Производство на облека е сектор со просек од 17.652 денари.
Просечната плата во февруари изнесувала 27.948 денари.
foro freepik
