Работниците мешаат малтер и на 37 степени
Препораките за топлото време не важат за работниците. Работниците мешаат малтер и на тропски температури, објави 24 ТВ.
Иако живата во термометарот денеска го помина 37 степен, на неколку градежни објекти низ Скопје, работниците на сред пладне работеа непрекинато. Ниту високите казни не ги поколебаа работодавачите.
Топлотниот сахарски бран според синоптичарите ќе трае до средината на следната недела.
Казните за непочитување на законот и препораките за топлото време се движат од 5.000 до 8.000 евра за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорно лице.
Слично
