РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ: Ќе ја исполнат ли газдите обврската за К15
Многу работодавци веќе се подготвени или ги завршуваат последните пресметки за исплата на годишниот регрес или таканаречениот К15.
До крајот на оваа година приватниот сектор ќе добие регрес кој за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.
Условите за да добиете К15 се исти како и минатите години а тоа е да сте биле вработени кај еден работодавец во последните 6 месеци.
Злупотреби од страна на газдите од секогаш имало а дали ќе се обидат да ризикуваат со неисплатата или со барањето парите да се вратат назад тоа зависи од нив, но да имаат на ум дека казните за оние кои нема да дадат К15 се големи и достигнуваат до 4000 евра.
Слично
