Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работниците цел месец гратис работат за газдите

Работниците цел месец гратис работат за газдите
Работници во Хрватска во продавниците на мало годишно одработуваат најмалку 16,3 милиони работни часови кои работодавачот не им ги плаќа. Според податоците на хрвасткиот Синдикат за трговија, секој вработен во трговија годишно на работодавaчот му подарува една месечна заработка на име на неплатени прекувремени работни саати. Во продавниците со храна, на пример вратата на купувачите најчесто им се отвара во седум часот наутро. Тоа не значи дека работниците кои работат во неа на работното место доаѓаат минута-две порано, туку тие на работа стигаат еден час порано. Ни од работа не заминуваат веднаш откако ќе се заклучи вратата за купувачите. Во дуќаните остануваат со цел да ги подготват за наредниот работен ден. Се тоа се вбројува во неплатени работни часови.
„Се повеќе вработени во продавница работат за минимална плата, без никакви други права. Во трговските друштва каде нема колективен договор, работодавачот еднострано намалува или укинува дел од платата. Ја намалуваат платата или укинуваат до 30 одсто, ги намалуваат надоместоците за трошоците за превоз, не ислаќаат награди и останати матерјални права“, истакнува Златица Штулиќ, претседателка на Синдикатот, надополнувајки дека продавниците работат се подолго со ист или намален број на вработени.
Продавачите кои остануваат на своите работни места, извршуваат повеќе работи, тајните купувачи непрекинато ги надгледуваат и оценуваат. Дневните одмори се често неостварени, годишните одмори за работодавачите се предолги, боледување за работникот - вистински луксуз, нагласува за „Нови Лист“ Штулиќ. Таа објаснува и дека фискализацијата во Хрватска воопшто не помогнала за решавање на прекувременото работно време и за следење на работното време. Работниците по завршувањето на примарните обврски, на благајната работат друг тип на работа и повторно одработуваат прекувремени работни часови. Синдикатот предупредува на тоа дека настанала нова категорија- “доброволно прекувремено работно време“ која е незаконска и неподнослива. Синдикатот пресметал и дека секој работник во продавница на работодавецот му подарува просечно 174 часа работа секоја година, односно еден месец од своето работење. Со оглед на тоа што во малопродажба во Хрватска вработени околу 94.000 работници, излегува дека тие на работодавачите им подаруваат вкупно повеќе од 16,3 милиони работни часови. К.К.
Слично

Поврзани вести