Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работници загинаа при пад од зграда од 22 кат

Работници загинаа при пад од зграда од 22 кат

Двајца работници загинаа денеска при пад од зграда која е дел од проектот „Белград на вода“. Трагедијата се случила околу 9,40 наутро, како што известува „Блиц”.

Станува збор за раководител и помошник на геометарот, кооперанти на компанијата „Штрабаг”, кои паднаа од 22. кат од зградата каде што работеа, што е највисока платформа на градилиштето.

Од компанијата „Штрабаг” велат дека во моментот не можат да обезбедат официјални информации, но тврдат дека менаџерот и помошникот на геометaрот биле прописно регистрирани, и дека ја поминале обуката за висока градба и дека ја имале целата потребна заштитна опрема.

Слично

Поврзани вести