Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работници во Македонија се жалат за вознемирување и за правата во работниот однос

Работници во Македонија се жалат за вознемирување и за правата во работниот однос

Вкупно 25 % од поднесените претставки до Народниот правобранител во 2017 се однесуваат на проблематиката со правата во работниот однос и вознемирувањето во текот на работа, а тоа воедно е најголем број на жалби во целокупната структура на поплаки.

Во извештајната година, истакнува правобранителот, продолжија барањата на граѓаните за заштита на правата од работен однос поради исплата на пониска плата и поради неисплатени надоместоци од плата.

„Најчесто барањата се однесуваа на задржување на плата повисока од 1/3 од платата, исплата на плата со погрешно утврден коефициент, потоа поради неисплатен надоместок за прекувремени часови на работа, за празник, за отпремнина поради заминување во пензија, јубилејна награда, за надоместок за користење на боледување подолго од шест месеци. По доставените укажувања платите и надоместоците од плата да се исплатат врз основа на предвидените законски прописи, во поголем број укажувањата беа прифатени, а во другите случаи граѓаните беа советувани да побараат заштита на правата во судска постапка“, нагласува народниот правобранител.


Слично

Поврзани вести