Работници од здравствено најавуваат затворање на шалтерите, Ден Дончев бара да му се даде време
Шалтер-работници од Фондот за здравствено осигурување од подрачната единица во Скопје најавија штрајк и затворање на шалтерите в четврток доколку не се слушнат нивните барања за повисока плата кои траат две години без никаква промена. Додека траеше средбата со директорот Ден Дончев тие се жалеа дека се најмалку платени службеници на ниво на цела Македонија.
По средбата на членвите на синдикатот (УПОС) со управата било договорено да се разгледа можноста за корекција на бодовите за сите категории вработени согласно Законот за здравствено осигурување како и Правилникот за висина на платите и да се провери можноста дококлу постои остаток на средства до крајот на оваа година истите линеарно да се поделат на вработентие така што би се пронашол простор за зголемување на платите на почетокот на наредната година;
Директорот на Фондот, Ден Дончев, ги повика работниците да не штрајкуваат и да му биде даден рок од три недели за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.
