Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТНИЦИ ОД ЕДНА ГЕРМАНСКА ФАБРИКА ИТНО ПОВИКАЛЕ ПОЛИЦИЈА - еве што откриле во зеленчукот кој требало да го преработуваат

РАБОТНИЦИ ОД ЕДНА ГЕРМАНСКА ФАБРИКА ИТНО ПОВИКАЛЕ ПОЛИЦИЈА - еве што откриле во зеленчукот кој требало да го преработуваат

Вработени во фабрика за шеќер во Еускирхен во Северна Рајна-Вестфалија во саботата навечер открија граната од Втората светска војна меѓу шеќерна репка.

Тие биле шокирани кога виделе опасна експлозивна направа и повикале полиција.

Како што информираа од полицијата, гранатата очигледно била донесена од нива во Еускирхен, откако била натоварена во камион за време на жетвата на шеќерна репка и однесена во фабрика за шеќер.

Вработени во компанијата за отстранување на експлозивни направи во саботата околу 19 часот и 30 минути пристигнале во компанијата и ја деактивирале гранатата, пренесува магазинот „Феникс“.

„Детонаторот на граната од Втората светска војна сè уште беше недопрен“, рече портпаролот на полицијата.

Тој нагласи дека нема опасност за жителите.

Пословни.хр

Слично

Поврзани вести