Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работници на АД ЕСМ на принуден одмор, ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа се „партиски неподобни“

Работници на АД ЕСМ на принуден одмор, ВМРО-ДПМНЕ вели дека тоа се „партиски неподобни“

ВМРО-ДПМНЕ смета дека работниците кои АД ЕСМ поради енергетската криза одлучи да ги испрати на принуден одмор, се „партиски неподобни“. Вчера „Електрани“ ја информираше јавноста дека работници ќе добиваат 70 отсто од платата, бидејќи принудно ќе бидат испратени на одмор како дел од мерките за намалување на трошоците.

„Граѓаните ги очекува големо покачување на сметките за струја заради неспособноста на власта, енергетските капацитети не произведуваат доволно електрична енергија, па затоа мора државата да купува многу поскапа електрична енергија од енергетскиот пазар, ама затоа Васко Ковачевски реши да удри по вработените во енергетскиот сектор кои за него се неподобни. Наместо Васко Ковачевски веќе да ја имаше потпишано својата оставка, заради целосниот хаос во енергетиката, тој реши да брка работници во АД ЕЛЕМ“, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Директорот Ковачевски, како што вели опозициската партија,  пред 20-тина дена ги задолжил директорите на придружниците да достават список на работни места со број на извршители кои би биле испратени на принуден одмор или делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30 отсто.

„За да биде небулозата поголема, истиот ден Васко Ковачевски потпишува заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку агенцијата за привремени вработувања кои би започнале со работа од 1ви Јануари 2022 година. Намерата на Ковачевски е да бидат казнети партиските неподобни во ЕЛЕМ, а во исто време да бидат наградени партиски подобните лица преку договори за привремени вработувања. Кристално јасно е дека казнети ќе бидат лицата кои немаат партиска книшка од СДСМ“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести