Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работничките права на македонските новинари се прегазени!

Работничките права на македонските новинари се прегазени!
Дури 87% од македонските новинари се незадоволни од моменталната состојба во новинарството во Македонија, а 79% сметаат дека нивната економска состојба од ден на ден се влошува, покажа истражувањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Според анкетата, 27% од македонските новинари барем еднаш биле отпуштени, а 90% не се задоволни од платата што ја примаат за нивната работа. За положбата на новинарите во медиумските куќи говори и фактот дека тие речиси воопшто не се вклучени во донесувањето на одлуките кои се однесуваат директно на нивниот статус, односно нивната економско-социјална и професионална положба. Дури 96 проценти од испитаниците се исклучени од процесот на донесување одлуки што им се од животна важност (казни, прераспределувања, промена на сопственост, откази и слично). Две третини (67 проценти) воопшто не се вклучени, а се информираат откога одлуката ќе се донесе; 29 проценти не се вклучени, ама навремено се информирани, додека само четири проценти се вклучени во донесувањето одлуки што се однесуваат на нив. Истражувањето за потребите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, го направи агенцијата „М – проспект“ од Скопје, и со него беше опфатен репрезентативен примерок од 300 испитанци при што големо мнозиство (98%) се новинари.
Слично

Поврзани вести