„Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит“: ССМ повикува на протест на 1 мај
КАДЕ СЕ ЗАГУБИ РАБОТНИЧКАТА КЛАСА? Работничката класа е темелот на секое општество. Таа ги создава вредностите, го движи производството и ја одржува економијата во живот.
Со овие зборови започнува објавата на Сојузот на Синдикатите на Македонија од каде посочуваат оти „без трудот на работниците во фабриките, во рудниците, на нивите, во канцелариите, во услужните дејности, нема напредок, нема развој, нема иднина“.
- Но, и покрај својата клучна улога, работничката класа често се соочува со предизвици: ниски плати, несигурни работни места, недоволна заштита и непочитување на работничките правата.
Затоа, борбата за достоинствена работа, фер услови и социјална правда не е само потреба, туку обврска.
Солидарноста е најсилното оружје на работниците,а кога се обединети, тие имаат глас што се слуша - нагласуваат од ССМ.
Од Синдикатот додават дека „историјата покажува дека сите придобивки – од работното време до платениот одмор – се резултат на заедничка борба на работничката класа и синдикатите“.
- Работничката класа не бара привилегии, туку правда, не бара милост, туку почит. И токму преку таа борба, таа не се бори само за себе, туку за подобро и поправедно општество за сите.
Затоа, на 1ви Мај ,, ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ" - се нагласува на крајот од нивната објава.
Слично
