Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работничка се повредила во фабриката „Дрекслмаер“

Работничка се повредила во фабриката „Дрекслмаер“

Во кавадаречката фабрика на германската „Дрекслмаер” денеска е повредена работничка.

Според информациите што ги пренесе Либертас, а кои ги потврдил Државниот инспекторат за труд, усната изјава на работничката е дека повредата настанала поради нејзино  невнимание.

„Инспекторот за безбедност и здравје при работа од Кавадарци констатирал дека машината на која работела работничката била излепена со знаци  за предупредување (опасност), кои треба да се почитуваат. Првично, станува збор за потфатена рака, но повеќе детали не може да се кажат бидејќи во тек е дополнителниот надзор за овој случај“, рекле од Инспекторатот.

Информацијата за повредена работничка во „Дрекслмаер“, попладнево ја потврдил и портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

„Денеска  во 9:30 часот во Полициска станица Кавадарци пријавено е дека во фабриката  „Дрекслмаер” во Кавадарци при работа повредена е една од вработените и е пренесена во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци. На лице место излезени се инспектор за заштита при работа и полициски службеници од Полициска станица Кавадарци“, рекла Стојковска.

Работничката е испратена на скопските клиники.

Лани во германската фабрика која произведува кабли за автомобилската индустрија и се рекламира како најголем работодавец во Македонија починаа две жени, а дел од вработените  тврдат дека нивниот број е поголем и дека официјалните бројки се кријат.

Слично

Поврзани вести