Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТНИ МЕСТА: Koлку празни, а колку пополнети има во земјава?

РАБОТНИ МЕСТА: Koлку празни, а колку пополнети има во земјава?

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во последниот квартал лани имало 6.534 слободни работни места. 

Во истиот период пополнети биле 485.665 работни места.

Во четвртото тримесечје од минатата година во Македонија стапката на слободни работни места била 1,33 проценти. 

Пелагонискиот регион имал најмногу слободни работни 1.157 или 2,35 проценти а најниска во североисточниот 0,67 проценти или 148 слободни работни места. Во скопскиот имало 3.332 слободни работни места при што стапката на слободни работни места изнесувала 1,28 проценти.

Најголем број слободни работни места, или 2.432 има во групата работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,85 проценти, додека најмала во Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување каде стапката изнесува 0,04 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места и таа изнесува 1,61 процент.

Слично

Поврзани вести