Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТНИ ГРУПИ: Акцентот денес на темата за медиуми

РАБОТНИ ГРУПИ:  Акцентот денес на темата за медиуми

Денес на маса пред преговарачите на работните групи ќе се најдат прашања поврзани за медиумите. Ова е третата тема од договорот од Пржино, а вчерашниот ден на работната група не донбесе ништо ново во поглед на  формирањето на анкетна комисија за прислушувањето, која ќе треба да ја утврдува политичка одговорност за прислушувањето.

Партиите не успеаја да постигнат договор и да ги приближат ставовите по ова прашање.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ според првичните позиции за Анкетната комисија се разминале за секоја точка. Првиот предлог на владеачката гарнитура бил комисијата да се именува како Kомисија за утврдување на прашањата поврзани со незаконски прибавените и објавени разговори, а СДСМ инсистирала таа да се именува Kомисија за скандалот со прислушувањето.

Како што е познато , Опозицијата бара комисијата да утврдува политичка одговорност за носители на јавни функции, која произлегува од незаконско следење на комуникациите, а ВМРО-ДПМНЕ - Kомисијата да носи заклучоци и препораки за подобрување на безбедносниот систем по нарушувањето со снимките, како и да го лоцира прекршувањето на човековите права.

Засега останува неизвесно дали ќе успеат да ги приближат ставовите, или ќе треба да  реагира странски фактор.

Слично

Поврзани вести