Работите во друг град – ви плаќаат сместување и градинка
Невработените во Бугарија кои ќе започнат работа во друг град, ќе имаат право да добијат пари за кирија, интернет, како и средства за градинка на децата, одлучија пратениците кои гласаа за Законот за поттикнување на вработувањето.
Според барањата споменатите средства ќе можат да се добиваат само во рок од една година. На вакви привилегии ќе имаат право само невработените кои пронашле работа на повеќе од 50 километри од сегашната адреса. Законот е донесен со 80 гласа „за", 5 „против" и без воздржани, соопшти БГНЕС. Во него е запишано уште дека невработените ќе можат да ги добиваат сите услуги кои се нудат од страна на Бирото за труд и во друг град. Меѓу нив се услуги за информирање, советување, насочување и поддршка за започнување на работа.
