Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работите прекувремено, а не ви е платено - работодавецот сигурно ви ги прави овие трикови

Работите прекувремено, а не ви е платено - работодавецот сигурно ви ги прави овие трикови

Многу работодавци не ги плаќаат работниците за прекувремената работа и ги експлоатираат. 

Еве на кој начин избегнуваат да платат за прекувремената работа:

Не водат евиденција 

Иако работат по неколку часа дневно плус, за празници и викенди, работодавците не водат евиденција и работниците не можат да докажат дека останале прекувремено. 

Ако во договорот стои дека работниот ден трае 8 часа, во пракса трае повеќе. 

На работа се доаѓа порано 

Во некои фирми работниците доаѓаат и по еден час порано, за да се подготват за работа или остануваат еден час подоцна за да се вратат во провобитна состојба. Такви случаеви има во угостителството и тоа се прави без надомест. 

Прераспределба на работно време

Работодавецот може да наложи одреден број недели или месеци да се работи повеќе. Во некои компании така се работи и цела година. 

Слободни денови наместо пари 

Ова се практикува во многу компании, но на крај работниците може да се случи и заради работа да не земат и слободни денови. 

На терен со денови, на хартија со часови 

Има случаи кога работниците одат на терен и во пат поминуваат повеќе време. Но, во фирмите тоа се води како редовно работно време. 




Слично

Поврзани вести