Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работилница за поедноставни царински постапки за фирмите

Работилница за поедноставни царински постапки за фирмите

АМЕРИТ СИЗ Македонија сообраќај и Царинската управа на Република Македонија, денеска пред бизнисмените, шпедитерите и фирмите кои вршат транспорт на стоки во Куманово одржа работилница на која беа презентирани олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки

Процесот за поднесување на Декларации  за извоз и увоз на стоки  царината го  олеснува преку нова електронска форма на пополнување на документите за царинење.

„Со  ваквата царинска постапка  се  заштедува на време а за транспортните  превозници како и за шпедитерските фирми тоа ќе значи и заштеда  на пари“ , велат од царинската управа.

Серијата работилници што ги вршат низ повеќе  градови во државата ќе помогне превозниците поблизу да се запознаат со новите  можности- како во просториите на својата фирмата поефикасно да ја завршат  транзитната постапка и  локалното царинење на стоки.

 „Со овие поедноставени постапки не само што  олеснуваме и забрзуваме туку и драстично се намалуваат трошоците кои се  потребни  во царинската постапка.  Се разбира не треба да го  занемариме и крајниот бенефит, дека, преку зголемувањето на поедноставените  постапки ние всушност го јакнеме и партнерскиот однос со деловната  заедница.“ вели Димче Аџиоски од секторот за царински системи

„Новиот начин на локално царинење се спроведува од март годинава и сега 30  проценти од извозот од Македонија се врши на лице место во фирмата извозник  додека 20 насто од увозот оди преку оваа скратена постапка така што се  избегнува оптовареноста и на царинските терминали“ вели Аџиоски.

Бизнис  секторот е задоволен од новините што ги воведе царинската управа.

Транспортните фирми веќе го користат новиот систем ТИР-ЕПД  за електонски пред-декларации кој ја забрзува целата процедура и ја олеснува работата на транспортерите во пријавувањето на стоките

Овој систем е наменет да им помогне на транспортерите со користење на ТИР-карнетите сами да прават влезно – излезни декларации. Од ден на ден се зголемува бројот на корисниците на пред-електорските декларации затоа што увидоа дека на овој  начин се избегнуваат шпедициите, а со нивното избегнување и долгите процедури се заштедуваат и време и пари, изјави Мартин Бочварски, стручен соработник за информатика во Амертит СИЗ Македонија сообраќај.

Електронскиот систем за аплицирање, обработка и издавање на увозни, извозни и  транзитни дозволи ќе го скрати времето за добивање на одобренија а за  операторите тоа ќе значи и избегнување на здодевното чекање по шалтерите на  државните институции.

Слично

Поврзани вести