Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работи кои работодавците не ги сакаат

Работи кои работодавците не ги сакаат

Кога се пријавувате за работа треба да знаете кои се оние работи кои работодавците не ги сакаат и кои можат да бидат пречка за вашето вработување. 

Не треба да зборувате за пари пред да ја добиете работата. 

Секако дека парите се важни и ако платата не ви одговара можеби нема да ја прифатите работата, но немојте веднаш да зборувате за пари. 

Ако зборувате веднаш само за пари, ќе оставите впечаток дека мислите само на финансии, а не и на квалитетно завршена работа. 

Друга важна работа е непрофесионалност на социјалните мрежи. Работодавците преку социјалните мрежи можат многу работи да заклучат за вас. Внимавајте што пишувате, затоа што можете да оставите впечаток дека сте незрели. 

Додека сте на разговор за работа немојте да фаќате белешки. 

Немојте своите мани да ги претставувате како доблести. 

Не е лошо ако на некои прашања одговорите со „не знам“. 

Ни случајно немојте на разговор за работа да дојдете неподготвени, без да истражите детали за фирмата. 

Слично

Поврзани вести