Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работен ден од шест часа за поголема продуктивност

Работен ден од шест часа за поголема продуктивност

Ново истражување покажува дека скратеното работно време ги прави работниците попродуктивни.

Лани шведската влада субвенционирала Дом за стари лица за да направи експеримент. Медицинските сестри наместо вообичаените 8, работеле само 6 часа дневно.

Критериум кој го следеле во истражувањето е квалитетот на негата која ја пружаат сестрите.

Се покажало дека сестрите кои работеле по 6 часа, се попродуктивни од оние кои работат подолго.

Од нив 68 сестри користеле само пола од боледувањето за разлика од колешките кои работеле по 8 часа.

За период од две недели три пати помалку користеле слободни денови.

Сестрите кои работеле помалку биле за 20% посреќни и за 64% реализирале повеќе активности со пациентите.

Сепак, истражувањето има една замка. Ако овие резултати се добри за здравствениот сектор, не значи дека истото би важело и во финансискиот сектор.

Слично

Поврзани вести