Работел од дома, се сопнал по скапи, се повредил и ќе добие оштета
Германец работел од дома и се повредил додека одел кон комјутерот, по што судот одлучил toj да добие оштета. Додека одел по спиралните скали, мажoт се сопнал и го повредил грбот.
Суд во Германијa пресудил дека маж кој се лизнал кога одел неколку метри од креветот, до своето биро, во сопствениот дом, може да бара пари од осигурувањето за повреда на работното место, пренесува Гардијан.
Судот забележал дека работникот вообичаено би почнал да работи во неговата домашна канцеларија „веднаш без појадок“, но не објасниле зошто тоа е релевантно за случајот. Сепак, подоцна било кажано дека правното осигурување од несреќен случај било обезбедено само на „првото“ патување на работа, што укажува на тоа дека неговото барање за компензација би било одбиено доколку се лизнал откако веќе почнал со работа, но во меѓувреме решил да јаде нешто.
Осигурувањето на работодавачот одбило да го покрие побарувањето.
