Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работат во Германија, но платите не им се германски

Работат во Германија, но платите не им се германски

3.209 евра е платата во Германија во просек за луѓето кои работат со полно работно време, и за нив се плаќаат придонеси. 

Луѓето со германски државјанство земале по 3.294 евра, а странците 2.463 евра, или разликата е 22%. 

Луѓето кои доаѓаат како азиланти земаат пониски плати. 

Но, разлика има и меѓу странците. Мали плати земаат работниците кои се дојдени од Сирија, Авганистан, Иран, Ирак, Нигерија, Пакистан, Сомалија, Еритреја. 

Тие бруто добиваат по 1.839 евра месечно. 

Дури и да имаат иста работа, исто знаење и квалификации, странците земаат помали плати. 

Сличен јазик има и меѓу луѓето кои се со високо образование. 

Германците со високо образование заработуваат по 5.333 евра бруто месечно, а странците 4.960 евра бруто. 

Слично

Поврзани вести