РАБОТАТ САМО ЧЕТИРИ ДЕНА НЕДЕЛНО: Како успејаа да го зголемат приходот?
Фирма во Австралија почна да работи 4 дена во неделата и резултатите ги изненадија сите.
Воведоа три слободни дена во неделата и веќе по еден месец има големи промени. Медиумската агенција „Верса“ од Мелбурн стигна во светските медиуми поради продолжувањето на одморот во секоја недела, а претпоставените велат дека моделот апсолутно успеал.
Вработените освен сабота и недела, ја имаат слободна и средата.
„Ние ја затвораме фирмата во среда, што им овозможува на нашиот тим во својот живот да има време за своето семејство, спорт или спиење, а да не мора сето тоа да го набие во викендот“, изјави генералниот директор, Џони Клоу.
Директорката Кејт Блекмен минатата година ја тестирала четиридневната работна недела и многу се воодушевила.
Од компанијата велат дека им рекле на вработените дека штом нема веќе да функионира овој модел, ќе престанат да го применуваат и дека тоа ги задржува луѓето мотивирани. Вработените се пресреќни, полни со идеи за работа, што носи големи резултати.
Приходот пораснал за 46 отсто, а задржување на вработените е од 72 до 88 проценти. Тие се пресреќни, а компанијата успева и се надеваме дека со нашиот случај ќе им помогнеме и на другите компании да бидат доволно храбри за тоа“, заклучува Клоу.
