Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работа за 112 поранешни професионални војници

Работа за 112 поранешни професионални војници
Владата донесе одлука со која се предвидува вработување на 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ. Се планира овие 112 лица да бидат вработени во поголем број државни институции, 19 во институциите во Министерството за здравство, други 19 ќе бидат вработени во Управата за извршување на санкции, 45 во судска полиција, а останатите 29  ќе бидат вработени во Министерството за одбрана. Дел од нив ќе останат во работен однос во Министерството за одбрана, а за дел од нив врз основа на понатамошните потреби на други државни институции и взаемната согласност на институциите и на лицата кои се вклучени постои можност да бидат преземени во други државни институции. Се работи за лица коишто го исполниле професионалниот договор за служба во АРМ и со навршување на старосната граница од 35 односно 38 години, тој договор престанал да важи и потоа останале невработени. Врз основа на Законот за служба во АРМ поднеле барања за вработување во државните институции.
Слично

Поврзани вести