Работа во Танзанија и плата од 3.500 евра
Вработувањето ќе биде за период од 3 до 5 години, а платата е 3.500 евра.
Фирмата INCONTRA HANDELS FINANZIERUNGZES GmbH работи со тим од стручњаци од Германија, Австрија, Велика Британија и Хрватска и има 900 вработени.
Тие работат со рози кои се одгледуваат на фарми во Танзанија на 1.300 метри надморска височина.
Таму има пластеници од 48 хектари. Производството е за извоз во Европа.
Се бараат луѓе кои се подготвени за нови предизвици, ново опкружување и да работат со тим од стручњаци.
Се бараат луѓе кои ќе се грижат за административните работи, но и ќе работат во пластениците.
За луѓето кои ќе бидат ангажирани има службен автомобил, сместување и оброци.
Молба и кратка биографија на англиски јазик може да се испрати до компанијата до 5 јануари.
Договори за работа се потпишуваат за период од година дена и потоа се продолжуваат.
