Работа во странство има, но само за дефицитарни струки
Многу Хрвати заминуваат во Ирска да работат како рецепционери или келнери, наместо да чекаат да се вработат по струка иако имаат факултетска диплома.
Иван Мурат, инженер по електротехника заминал во Шведска да работи за многу повисока плата, но подоцна се вратил во Хрватска.
Многу негови колеги работат во земјите од ЕУ, но на работни места кои се многу пониски од нивните квалификации.
Според податоци на ЕУРОСТАТ, повеќе од третина од луѓето кои мигрираат во земјите во Европа работат професии кои се под степенот на нивното образование.
ЕУ е отворена така што богатите земји членки земаат работници од сиромашните земји.
Мурат објаснува дека во Шведска има Хрвати, но немаат шанси за работа во струка.
Додава дека младите од областа на медицината кои се стручни имаат шанси за работа во струка. Тој вели дека луѓето не треба да имаат илузија дека ќе заминат во странство и без познавање на јазик ќе најдат работа по струка.
