РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Од една плата не може да се живее
Вид Банич од Хрватска кој работел во Германија вели дека дали ќе бидете задоволни зависи од тоа каква работа работите, дали сте сами или со семејство.
Тој е техничар по дрводелство и 4 месеци работел во Германија, а работа пронашол преку агенција која посредува за работа во странство.
„Работев како доставувач на пакети, и имав во просек од 200 до 250 пакети, за 16 работни часа. Беше тоа работа за која е потребен јазик, барем основното“ - вели тој.
Сам возел комби, разнесувал пратки, а на мобилниот бил достапен 24 часа.
Со колегите живеел во трособен стан.
Бидејќи бил сам се исплатело да работи и ги покривал своите трошоци, но доколку со него биле сопругата и децата, тогаш не би можел да опстане.
Банич вели дека кириите се скапи, и за четири члена ќе им бидат потребни 1000 евра само за сместување и сметки, а неговата плата е 1400 евра, односно недоволна за сите тие трошоци.
За сопругата која е мајка на две деца објаснува дека би можела да работи само со 4 часа работно време.
