Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Бројни Македонци си ги собраа „парталите“ и фатија „џаде“ од татковината

РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Бројни Македонци си ги собраа „парталите“ и фатија „џаде“ од татковината

Се поголем е бројот на граѓани кои заминуваат од земјава.

Младите се најбројни ама има и возрасни со цели семејства .

Официјалните податоци на ОЕЦД покажуваат дека илјадници балканци добиле работа во Германија во првото полугодие од 2016.

Околу 1841 македонски државјанин добиле годинава дозволи за престој од германските власти.

Како до легална работа во Германија?

Граѓаните од Западен Балкан можат да работат во Германија само ако имаат дозвола за престој и дозвола за работа.

За граѓаните од Западен Балкан потребна е дозвола за ограничен или неограничен престој, а има и „сина карта“ за ЕУ. За да добие дозвола за престој, лицето треба да приложи пасош и не смее да биде меѓу оние на кои им е одбиен азил. При тоа мора да докаже дека има доволно средства во банка, работа со висина на плата која одговара или некој да гарантира за негово издржување.

прочитајте и: Шанси за „бегство“ во Германија-дали е така лесно како што кажуваат ?!

Колку повеќе квалификации има кандидатот и колку подобро го владее германскиот јазик, толку му се поголеми шансите да се вработи и да остане во Германија.

Кандидатите можат да побараат во конзулат или амбасада виза за барање работа, но и со неа уште немаат право на работа. Ако најде работа, тогаш може да бара престој во земјата.

За познавање на јазик мора да се има диплома. Работни места се бараат на портали и разни страници.

Кој е на „позитивната листа“?

Страницата „Make it in Germany“ постои и на српски јазик, ама не и на македонски (http://www.make-it-in-germany.rs/) и им нуди на сите заинтересирани со неколку кликови да дојдат до препораки (прашалникот сепак се пополнува на англиски или германски јазик). Во зависност од тоа дали сакате да работите, студирате или завршите занает, од која земја доаѓате и каде сте стекнале диплома, алогоритамот препорачува најдобри опции.

Овде теоретски може да се пријават и Германци , но Кеа Декер објаснува дека споменатите 46 000 работни места се изберени во оние области каде на Германија веќе со години и недостигаат експерти. Кога е докажано дека во земјата нема доволно експерти во некоја област, тогаш работодавците имаат и правен основ да вработат луѓе од странство.

Меѓу високообразовните пред се се бара работна сила во т.н. МИНТ занимања (области од математика, информатика, природни науки, техника). На Германија пред се и требаат квалификувани работници. Но за да работи некој во Германија, тој не мора да биде високо квалификуван“, наведува Декер. Таа потсетува дека пред три години е олеснето доаѓањето и на оние со средно образование доколку нивното занимање стои на „позитивната листа“ имаат одговарачка диплома која се признава во Германија и понуда за конретно работно место. На „позитивната листа“ со години се бараат негуватели на стари лица, водоинсталатери, железничари, ѕидари, заварувачи, електричари, програмери... Од ланскиот октомври дури постои можност и за вработување на неквалификувани работници.

Наместо барање азил

Пристапот до пазар на труд во претходниот период е посебно олеснет и рекламиран на просторот на Србија и останатите земји од Западен Балкан кои, до избивањето на бегалската криза биле главни земји кои бараа азил. Сега Србија, БиХ, Македонија, Косово , Албанија и Црна Гора се на листата така наречени „сигурни земји на потекло“ а Берлин настојува на нивните граѓани да им приближи легални начини на доаѓање и останување во Германија. Оние кои сепак и понатаму се одлучуваат да побараат азил тука имаат мали шанси: „Не постои пристап на германскиот пазар на труд доколку дозволата за престој не почива на признавање на бегалски статус или принуден статус. „Помалку од еден отсто од барателите на азил од Западен Балкан навистина добие азил во Германија.

Слично

Поврзани вести