Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Патувајте на туѓа сметка!

РАБОТА ОД СОНИШТАТА: Патувајте на туѓа сметка!
Туристичка агенција за луксузни патувања бара некој што ќе патува цела година со буџет од еден милион долари и ќе пишува рецензии за хотелите и местата што ќе ги посети. Иако се чини неверојатно, сé што треба да прави избраниот кандидат е да ја помине годината во скапи хотели, ресторани, во луксузни одморалишта и плажи, а потоа тоа да го опише и да го оцени. А со себе може да понесе уште една личност по сопствен избор! Во рамките на патувањата е предвидена посета на историски знаменитости, возење со луксузни јахти и возови, како и престој во хотели во кои едно ноќевање чини по 2.400 американски долари. Она што треба да направите е да се пријавите на огласот на компанијата Luxury Travel Intelligence i VeryFirstTo.com и да се надевате дека ќе ве изберат. Но, како и за секое работно место и за ова е потребно да се исполнат одредени услови: кандидатот мора да има висок степен на образование и да знае убаво писмено да се изразува, да е дискретен, елоквентен и комуникативен. Мора да поседува одредени знаења за земјите кои ги посетува, но и да сака да патува. Мора да знае многу информации за светските кујни и за уметноста.
Слично

Поврзани вести