Работа на море со платен престој и три оброци: Црна Гора бара сезонци – еве кои работни места се нудат
Туристичкиот сектор во Будва ќе се соочи со значителен недостиг на работна сила ова лето, бидејќи, според проценките на угостителите, ќе бидат потребни најмалку 5.000 сезонски работници. Хотелските компании веќе објавија конкурси за голем број позиции, но интересот на работниците од Црна Гора се намалува, па затоа работодавците сè повеќе вработуваат работници од странство.
Минатата недела, најголемата хотелска компанија во Црна Гора објави серија огласи и со тоа официјално ја започна потрагата по сезонски работници. Според нивните проценки, ќе бидат потребни околу 600 вработени во текот на летната сезона.
Претседателот на Здружението за угостителство на Будва, Александар Јовановиќ, наведува дека проценките се дека на овој крајбрежен град ќе му недостасуваат најмалку пет илјади сезонски работници во текот на претстојната сезона.
Тој нагласи дека обезбедувањето сезонска работна сила секоја година е горлив проблем, бидејќи има мал интерес од Црна Гора за пополнување на овие работни места, кои се клучни за развојот на сезоната.
На огласите на Агенцијата за вработување на Црна Гора, има бројни занимања кои во моментов се итно потребни во туристичкиот сектор. Тука спаѓаат бариста, координатор на плажа и базен, работник на наплатна рампа, оператор на лифт, помошник во перење, надворешен работник, специјалист готвач, рецепционер, помошник во ресторан, работник на базен и плажа, работник за миење садови, работник на плажа, работник во зеленило, работник во пекара, возач на електричен камион за храна, пекар, работник за велнес, помошник во бар, надзорник за хигиена, чистач, продавач во продавница за храна, хигиеничар, шанкер и многу други професии.
Хотелската групација „Будванска Ривиера“ во својот оглас наведува дека има потреба од голем број работници на различни позиции, за што во продолжение може да се прочита повеќе на Женски Магазин.
