Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЗУ „Жан Митрев“ со најголема исплата од ФЗОМ во кардиохирургијата

ПЗУ „Жан Митрев“ со најголема исплата од ФЗОМ во кардиохирургијата

ПЗУ „Жан Митрев“ води по бројот на исплатени обврски од здравствениот фонд во кардиоваскуларната хирургија.

Здравствените услуги од областа на кардиоваскуларната хирургија, во 2017 година осигурениците имаа можност да ги обезбедат во две приватни здравствени установи, (ПЗУ „Жан Митрев“ - Скопје и Клиничката болница „Аџибадем Сиситина“ – Скопје) и во три јавни здравствени установи (Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, Универзитетска клиника за детска хирургија и во Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија) со кои ФЗОМ има склучено договор, соопшти Фондот за здравствено осигурување во извештајот за работењето во 2017 година. 

Според извештајот, ФЗОМ лани на ПЗУ „Жан Митрев“ исплатил надоместок за кардиоваскуларни хируршки услуги во износ од 414 милиони денари, а на „Аџибадем Систина“ во износ од 348 милиони денари. Истовремено, на државната кардиохирургија биле исплатени 96 милиони денари. 

Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, пак, која започна со работа во 2014 година, во изминатиот период бележи континуиран тренд на зголемување на кардиохируршките интервенции. 

Слично

Поврзани вести