Путин:Никој нема да и забрани на Русија да извезува оружје
Причината за ограничување на извозот на руско оружје во странство може да бидат само санкциите на Советот за безбедност на ОН (каде што Русија има право на вето), а во сите други случаи, никој и под никаков изговор не може да диктира на Русија или на која било друга земја со кого да тргуваат, истакна рускиот премиер Владимир Путин на состанокот на Комисијата за Воено-техничка соработка во престојот во Ново Огајров.
Според Путин, политички мотивирани рестрикции и забрани, надвор од Советот за безбедност, не се норма на меѓународното право. Тој рече дека договори за оружје и воена технологија Русија склучува само со легитимната власт на државите и само за да се обезбеди суверенитетот и одбраната на секоја држава.
Годинава, извозот на оружје од Русија ќе биде повисок од минатата година , а до пошетокот на октомври извозот на воени производи изнесува 10,7 милјарди долари, појасни Путин.
Западните држави ја критикуваа Русија, која заедно со Кина, стави вето на три резолуции на Советот за безбедност, чија цел беше да извршат притисок врз сирискиот претседател Башар ал-Асад да стави крај на конфликтот кој трае 19 месеци. Русија минатата година и продаде на Сирија оружје во вредност од милијарда долари.
Слично
