Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Зголемен е ризикот на Русија по влегувањето во СТО

Путин: Зголемен е ризикот на Русија по влегувањето во СТО
Зголемен е ризикот поврзан со обврските што Русија треба да ги преземе со влегувањето во СТО, особено во намалувањето на увозните давачки за одредени стоки, изјави Путин на состанокот на Советот за национална безбедност. Влез на Русија во СТО не значи дека владата ќе се откаже од поддршка на националната економија, вели рускиот претседател. Путин им даде задача  на Министерствата за труд и економија да подготват детална анализа на последиците од пристапување на Русија во СТО на домашниот пазар на труд.  И истакна дека во последните десет години, стапката на невработеност во Русија опаѓа, пред кризата во 2009 година изнесуваше 8,4 отсто, а сега не надминува 5,2 проценти од економско активното население.
Слично

Поврзани вести