Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ВО РАМКИ ЗА СЛИКИ ВО ИКЕА ВО ХРВАТСКА: Компанијата демантира, некој монтирал?

ПУТИН ВО РАМКИ ЗА СЛИКИ ВО ИКЕА ВО ХРВАТСКА: Компанијата демантира, некој монтирал?

Лажни фотографии од загрепската ИКЕА се проширија низ руските медиуми и социјалните мрежи, а на нив се прикажани портрети на рускиот претседател Владимир Путин во рамки за фотографии во изложбениот простор на продавницата.

„Во Загреб, главниот град на Хрватска, вработените во ИКЕА објавија фотографии од рускиот претседател Владимир Путин како поддршка на специјалната операција во Украина“, објавија вчера руските медиуми.

Сепак информацијата веднаш беше демантирана, а демантот гообјави и РИА новости.

„Врз основа на резултатите од ревизијата, ИКЕА потврди дека се работи за лажни фотографии.

„Овие слики се монтажи и не се вистински фотографии од вистинска продавница. Засега немаме други информации“, изјави портпаролката на компанијата.


 



Слично

Поврзани вести