Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин тврди дека плановите на Западот економски да ја казни Русија пропаднаа

Путин тврди дека плановите на Западот економски да ја казни Русија пропаднаа

Западните санкции против Русија не дадоа резултат, вели рускиот претседател Владимир Путин. 

Според него, планот на Западот да предизвика колапс пропадна.  Путин кажа дека Русија „издржа притисок без преседан“. Тој додаде дека Русија има рекорден трговски суфицит од 58 милијарди долари во првиот квартал годинава. Путин изјави дека во Русија дошло до нагло растење на малопродажните цени, и тоа за 17,5 отсто во претходните 12 месеци. Но, тој додава дека од санкциите штета имаат САД и европските земји. Сепак, се споменуваше дека Русија може да се соочи со банкрот. Откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, САД и повеќе европски земји воведоа санкции против Русија. 

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин стравува од губење на 200.000 работни места во рускиот главен град, затоа што се повлекоа многу странски компании. 

Слично

Поврзани вести