Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин стигна во Белград – обезбедување го следи на секој чекор

Путин стигна во Белград – обезбедување го следи на секој чекор
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград во неколкучасовна посета, за време на која ќе присуствува на воената парада во чест на ослободувањето на српскиот главен град. Путин во Белград допатува во специјалниот авион „Илјушин 96“, чија луксузна внатрешност е позлатена. Додека слетуваше рускиот претседател, воздушниот сообраќај над Србија беше во прекин. На аеродромот во Белград Путин го пречека неговиот домаќин, српскиот претседател Томислав Николиќ. Двајцата најпрвин се поклонија и положија венци на Гробиштата на ослободителите на Белград и пред споменикот на припадникот на Црвената армија. Огромно обезбедување го следи Путин на секој чекор во Белград. Рускиот претседател ќе има средби со српскиот државен врв, а потоа ќе присуствува на воената парада, најголема смотра на српската војска од 1985 година.
Слично

Поврзани вести