ПУТИН СО НОВ ПЛАН: На најдобрите рути ќе летаат руски авиони
Рускиот претседател Владимир Путин претстави нов план со кој се развива руското цивилно воздухопловство преку државни субвенции и подобрување на профитот. Путин им вети на руските авиокомпании дека ќе ги добијат најдобрите рути за патување доколку во нивните флоти вклучат авиони кои ќе бидат од домашно производство или ако барем, се решат да изнајмуваат руски авиони.
На овој начин ќе се потикне и руската авионска индустрија, како и авиопревозниците кои би добиле поголем број на патници на атрактивни дестинации за патување. Исто така со оваа програма ќе се подобри и туризмот.
Планот е договорен со рускиот заменик премиер Рогозин кој на медиумите им откри дека првите резултати ќе бидат видливи веќе наесен. Според Рогозин мерката не е одлика на протекционизам ако се фаворизира бренд на авиони како Ербас бидејќи ЕУ и САД исто така си ги фаворизираат своите производители.
