Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин се пожали, има доцнења во плаќањата за гас и нафта

Путин се пожали, има доцнења во плаќањата за гас и нафта

Непријателските земји не успеале да престанат да користат руски гас, вели рускиот претседател Владимир Путин. 

Путин додаде дека има доцнења во плаќањата за гас и нафта. Тој ја обвини Америка дека го продава својот гас по повисоки цени од Русија додавајќи дека испораките на руски гас се евтини и стабилни. Рускиот претседател изјави дека Европа го дестабилизира енергетскиот пазар со забрани за увоз. Тој рече дека Русија треба да го диверзифицира својот извоз на енергија во Азија. Руски „Газпром“ претходно објави дека редовно ѝ испорачува гас на Европа. 

Со плаќањето на рускиот гас во рубли, некои земји-членки на ЕУ би го прекршиле европскиот режим на санкции против Москва, се вели во интерна белешка на Европската комисија (ЕК). Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, Западот воведе санции за Русија. Европа цели кон тоа да биде што помалку зависна од руските енергенси. Украина бараше и построги санкции, за да Русија нема со што да ја финансира војната. 

Слично

Поврзани вести