Путин се пофали: Резервите на јаглен во Русија се доволни за речиси илјада години
Рускиот претседател Владимир Путин се пофали дека имаат ресурси кои ќе ги користат со векови.
„Резервите на јаглен во Русија се доволни за речиси илјада години“, изјави претседателот.
Сепак, тој ја нагласи потребата од поефикасно користење на овој ресурс во енергетскиот сектор на рускиот Далечен Исток, особено во услови на можен дефицит на гас, пренесува ТАСС.
„Постои значителен потенцијал за поефикасно користење на јаглен од различни квалитети, со поголем енергетски принос и усогласеност со сите еколошки стандарди“, рече Путин.
Според него, енергетската состојба е генерално стабилна, но постојат голем број прашања на кои им е потребно посебно внимание, како што е недостатокот на поврзаност помеѓу компонентите на енергетската инфраструктура.
