Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: На самитот во Казан присуствуваа делегации од 35 земји и шест меѓународни организации

ПУТИН СЕ ПОФАЛИ: На самитот во Казан присуствуваа делегации од 35 земји и шест меѓународни организации

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека успешно е завршен 16-от самит на БРИКС, и дека расте интересот за соработка со блокот. 

Тоа како што рече е еден од најзначајните настани во политичкиот календар. 

„На самитот во Казан присуствуваа делегации од 35 земји и шест меѓународни организации, а тоа говори за улогата што ја има БРИКС и зголемениот интерес за соработка со нас“, вели Путин.

Додава дека потенцијалот се крие во различноста. Земјите од БРИКС ќе ја зајакнат меѓубанкарската комуникација и партнерството во финансискиот сектор. 

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека земјата стана партнер на БРИКС, што е задолжителен чекор пред да се приклучи на таа организација.

Слично

Поврзани вести