Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Руските гасоводи можат и да ја заобиколат ЕУ

Путин: Руските гасоводи можат и да ја заобиколат ЕУ
Русија има намера да ги реализира проектите за гасоводите Северен и Јужен тек, но ако Европската унија се спротивставува на нивната реализација ќе ја разгледаме можноста тие да поминуваат преку земји што не се ченки на Унијата, вели рускиот претседател Владимир Путин. „Доколку и натаму имаме некои проблеми со Јужен тек, а Брисел постојано ни става сопки на тој проект, ќе разгледаме и други варијанти преку земји кои не се дел од ЕУ. Едноставно, ЕУ ќе добие уште една транзитна земја за гасот“, изјавил Путин на состанок со водечките информативни агенции. „Не разбирам зошто го прават тоа, тие во Брисел“, рекол Путин, нагласувајќи дека ако не ја попречуваат Русија има намера да го реализита и Северен и Јужен тек. Според него, ситуацијата во Украина уште еднаш ја потврдува актуелноста на руските иницијативи за директни маршрути за извоз на енергенсите во Европа, каква што е и гасоводот Јужен тек.
Слично

Поврзани вести