Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин: Проблемите со горивото се привремени, рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните

Путин: Проблемите со горивото се привремени, рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа состанок со членовите на владата, за време на кој министрите го информираа за состојбата на пазарот на горива и изјавија дека тешкотиите со горивата се привремени, оценувајќи дека рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните во светот и покрај обидите на противниците да ѝ наштетат на руската економија.

Путин повика на брзо решение на проблемот со снабдувањето со гориво во Крим и јужните делови на Русија, нагласувајќи дека одлуките за поддршка на тие области мора да се донесат веднаш, а не подоцна, пренесува РИА Новости.

„Мерките за поддршка на луѓето што живеат таму и оние што дојдоа на одмор мора да се спроведат сега, а не некое време подоцна. Овие одлуки треба да се донесат што е можно поскоро“, рече Путин за време на состанокот одржан преку видеоконференција.

Украина постојано ги напаѓа руските рафинерии со цел да изврши притисок на агресорот. 

Руската инвазија на Украина трае веќе петта година. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести