Путин предлага да се формира меѓународна коалиција за борба против тероризмот
Претседателот на Русија, Владимир Путин повикува да се формира меѓународна коалиција за борба против тероризмот.
Тој изјави дека за оваа иницијатива разговарал со претседателот на САД, Барак Обама.
Разговори на оваа тема водел и со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан, Египет и други земји.
Путин потенцираше дека теторирзмот е глобален проблем и треба заеднички да се реши. Тој додаде дека Сиријците кои масовно бегаат кон Европа не бегаат од режимот на Башар ал Асад, туку од „исламска држава“, која окупираше голем дел од териториите на Сирија и Ирак.
Слично
