Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин потпиша: БРИКС банките стартуваат!

Путин потпиша: БРИКС банките стартуваат!

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на спогодбата за Новата развојна банка, која ја основаат земјите на БРИКС.

Документот денска е објавен на официјалниот сајт на правни информации, пренесва Тас.

Спогодбата е потпишана на 15 јули 2014 година во Брзил и предвидува земјите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската република) да основаат Нова развојна банка за финансирање во инфраструктурните проекти и проекти за одржлив  развој во земјите на БРИКС и земјите во развој.

Основачите на банката се земјите на БРИКС со посебни правила кои нема да прифаќаат други членки на банките. Конкретно претседателот на банката ќе биде избран од една од земјите основачи, а потоа ќе ротира. Клучните одлуки во органите на управување ќе се донесуваат со мнозинство гласови од земјите основачи.

Во организацијата се предвидени три нивоа корпоративно управување - управен одбор, совет на директори - претставник на Бразил, а првиот претседател на управен одбор - претставник на Русија.

BRICS_BEtaAP

Како што претходно за телевизијата Русија 24 заменик министер за финансии на Русија Сергеј Сторчак рекол дека прв председател на управниот одбор на банката БРИКС ќе биде рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Основачкиот капитал на банката ќе биде 100 милијарди долари, пропорционално распореден меѓу учесниците.

Во минситерството за финансии Русија проценува дека Новата развојна банка ќе почне со работа до крајот на оваа година, а полн капацитет ќе достигне за четири до пет години.

Спогодбата овозможува пристапување на новите учеснички -членки на Обединетите нации, вклучувајќи и земјите во развој.

Седиштето на банката ќе биде во Шангај, кој ќе обезбеди канцеларии и сета потребна опрема за работа, наведува Тас.

   
Слично

Поврзани вести