Путин одговори на санкциите на ЕУ: Москва го проширува ембаргото на храна!
Рускиот министер за економија Алексиј Улкукајев најави денес дека Русија ќе воведе нови санкции на земјите на Европската унија (ЕУ) во знак на одмазда за продолжување на санкциите Москва на уште шест месеци.
Министерот Алексиј навел дека „Москва најверојатно ќе го прошири ембаргото на храната“, јавува агенцијата РИА.
Владите на државите членки на ЕУ се сложија ден претходно да ги продолжат економските санкции на Русија до 31 јануари наредната година, а Москва вчера најави дека ќе одговори на таквата одлука на ЕУ.
Продолжетокот на санкциите на шест месеци се усогласиле на состанокот во Брисел на амбасадорите на 28 земји членки на ЕУ, бидјеќи Европскиот парламент минатата недела изгласа резолуција во која се бара на Русија да и се продолжат санкциите поради мешањето во судирот во Украина и повика на единство во спротиставување на политиката на Москва.
После тоа се огласи портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков кој порача дека Русија ќе одговори по принципот на реципроцитет, ако притисокот на западните санкции на неа се зголеми.
-Што се однесеува до санкциите, Русија повеќе пати нагласи дека се залага за принцип на еднаквост и ни еден чекор во санкциите нема да остане без одговор-рекол Песков.
Слично
