Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУТИН ОБЈАСНИ: Кој и како ја диригира цената на нафтата?!

ПУТИН ОБЈАСНИ: Кој и како ја диригира цената на нафтата?!

На цените на нафтата влијаат фундаменталните економски и шпекулативни фактори, рекол претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со претставниците на нафтената индустрија.

Во моментот гледаме дека глобалниот пазар на нафта и гас е нестабилен. На него влијаат финдаменталните економски фактори, на прво место мислам на забавување на економскиот раст, но и шпекулативни фактори. Се тоа влијае на пазарот, како и политичките ризици“, рекол Путин.

Руските компании, како што додал, се сложуваат со идејата за замрзнување на нивоата на производство на нафта, што официјална Москва речиси го договори со меѓународните партнери.

„Александар Новак (рускиот министер за енергетика) преговара за тоа прашање (замрзнување на производството на нафта) и речиси постигнал договор со партнерите на глобалниот пазар“, навел Путин.

Истовремено, рускиот претседател рекол и дека руската нафтена индустрија остварила стабилен развој минатата година.

„Генерално гледано, руската нафтена индустрија во 2015 година покажала дека се развива стабилно. Минатата година, се произведени рекордни 534 милиони тони нафта, што е за 1,4 одсто повеќе отколку во 2014 година“ прецизирал.

Најголем дел произведена нафта, според зборовите на Путин, е испорачан во нафтените рафинерии.

„Повеќе од половина од вкупно произведената нафта во Русија е испорачано во домашните рафинерии и искористено е за правење производи со висок додаток на уредност“, рекол Путин, повикувајќи истовремено на зачувување на стабилноста и одржлив развој на рускиот нафтен сектор.

Слично

Поврзани вести