Путин: Ништо не може да го оправда масовното убиство на луѓе
Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди позицијата на земјата, дека масакрот на околу 1,5 милиони Ерменци во Отоманската империја е „геноцид“.
„Ставот на Русија е и останува ист: секогаш сме верувале дека нема и не може да се оправда масовното убиство на луѓе“, изјавил меѓу другото Путин на меморијалната церемонија во ерменската престолнина Ереван во врска 100 години од ерменскиот геноцид.
Путин раскажал за улогата на Русија во процесот за осуда на геноцидот над Ерменците.
Ништо не може да оправда масовното убиство на луѓе, изјавил рускиот претседател Владимир Путин.
За време на церемонијата по повод 100 годишнината од почетокот на прогонството, завршиле со смртта на 1,5 милиони Ерменци, Путин истакнал: „Ништо не може да оправда масовното убиство на луѓе. Денес стоиме до ерменскиот народ, за да оддадеме почит на жртвите“.
