ПУТИН НЕ ОДИ СО ПРАЗНИ РАЦЕ: Еве што и нуди на Словенија
Рускиот претседател Владимир Путин престојува во посета на Словенија , а во разговор со колегата Борут Пахор ќе бидат на мета судејќи по се и енергетски теми.
Како што се наведува во материјалите за посетата на Путин во Словенија, се проширување на мрежата на гасовод во Словенија и вклучување во руски компании на нафта и гасна индустрија во малопродајната мрежа на промет со нафтени деривати што претставува перспективен правец на соработка на двете земји.
„Перспективни правци на соработка се: проширување на мрежата на гасовод на територијата на Словенија, вклучување на руските нафтени и гасни компании во малопродајната мрежа на промет со нафтени деривати на територија на Словенија, помош во развојот на словенските капацитети за пренос на нафта и нафтени деривати“, пишува во документацијата.
На листата се и купување на руска енергетска опрема за словенските термоелектрани, учество на руските компании во реконструкција, модернизација и изградба на производни и преносни објекти во Словенија, создавање на транспортен и дистрибутивен центар, испораки на телекомуникациона опрема на словенско производство за потребите на Гаспром, соработка во областа на комуникационите и информациони технологии.
Работната посета на рускиот претседател се одржува на повик на словенскиот претседател Пахор.
Претседателите ќе разгледаат клучни прашања од трговско-економски, инвестициони и културно-хуманитарни соработки и да размени мислења за културните меѓународни и регионални проблеми.
