Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин нареди изненаднa проверка на подготвеноста на војската

Путин нареди изненаднa проверка на подготвеноста на војската

Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да се одржи изненадна комплексна проверка на борбената готовност на целосниот состав на Централниот воен округ соопштува денеска министерот за одбрана на Русија Сергеј Шоигу.

„Во согласност со неговиот налог денеска од 11 часот по московско време војската на Централниот воен округ како и единиците и групите кои се стационирани на неговата територија се предводат во целосна борбена готовност“, пренесуваат руски агенции.

Рускиот министер за одбрана прецизираше дека проверката ќе се спроведува до 28 јуни, додавајќи дека при проверката на 98 воздушно десантна дивизија ќе бидат префрлени од Иванов во Челибинск областа на оддалеченост од 1.500 километри, каде ќе биде изведен воздушниот десант на полигонот Чебаркул, пренесува РИА новости. На состанокот на раководниот состав на Министерството за одбрана началникот на Генералштабот Валериј Герасимов соопшти дека во проверката ќе учествуваат повеќе од 65.000 војници и околу 5.500 парчиња оружје и техника, повеќе од 180 авиони и пколу 60 хеликоптери.
Слично

Поврзани вести