Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин најави укинување на ембаргото за увоз на храна од Грција

Путин најави укинување на ембаргото за увоз на храна од Грција

Рускиот претседател Владимир Путин најавил дека Москва може да го укине своето ембарго за увоз на храна од Грција, која претрпе загуби од забраната, и во моментов истовремено е вовлечена во решавачки разговори со своите европски кредитори.

Путин дал изјава за време на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Кремљ.

Грција, која е зависна од импресивните меѓународни спасувачки планови од 2010 година, ќе заврши со банкрот немајќи пари во рок од неколку недели, освен ако не постигне договор со своите кредитори за добивање на нови средства.

Посетата на Ципрас во Русија се гледа како обид на Атина да ги искористи односите со Москва како потенцијален адут или само како обид да ги зајакне врските со традиционалниот сојузник.

Како контрамерка против западните санкции Русија минатата година го забрани увозот на увозната храна од Европската унија, вклучувајќи ја и Грција.

Во меѓувреме, на почетокот на средбата меѓу двајцата лидери Ципрас изјавил дека Грција има долгогодишни врски со Русија и тој е таму за да ги обнови овие односи.

Путин се согласил со Ципрас и додал дека двете страни треба да најдат начин да дадат поттик на овие односи.

Рускиот претседател очекува дека неговиот состанок со грчкиот премиер може да помогне во изнаоѓањето на решение за прашањето на обновување на претходната стапка на раст на стоковата размена.

Минатата година трговската размена е намалена за цели 40%, констатирал Путин и истакнал: „Вашата посета доаѓа сосема навреме, бидејќи ние треба да го анализираме она што би можело да направиме заедно двајцата, за да се обноват претходните стапки за раст“.

Рускиот државен врв потсети дека до неодамна Русија била водечки трговско-економски партнер на Грција, заземајќи го првото место.

Примајќи го во Кремљ грчкиот премиер, Путин истакна дека му е пријатно да го пречека својот гостин во Москва во пресрет на православниот Велигден. Тоа е наш заеднички празник. По тој повод, би сакал да ги истакнеме посебните односи, имајќи предвид за нашите општи и духовни корени, додал Путин.

Слично

Поврзани вести